• АЛЕРГИЈА – пренагласена реакција на организмот на алергени од животната средина. Кај атопичарите, најчесто се работи за тип I алергиска реакција, која се карактеризира со зголемена продукција на IgE антитела. Меѓутоа, кај атопичарите, честа е тип IV хиперсензитивна реакција,која е во форма на алергиски контактен дерматит.
  • АЛЕРГЕНИ – супстанции од животната средина или храната, обично протеини или други молекули кои можат да предизвикаат алергиски реакции кај луѓето кои се предиспонирани за тоа.
  • АТОПИЈА претставува наследна склоност кон поголема продукција на IgE антитела и побрз одговор на конвенционалните стимуланси од животната средина.
  • АТОПИЧАР е лице со “атопична конституција” – наследна предиспозиција кон алергиски реакции – болести.
  • АТОПИСКИ ДЕРМАТИТ – хронична, воспалителна болест на кожата пропратена со симптоми на црвенило, чешање, и перутење. За појавата на болеста постои генетска предиспозиција. Шансите детето да има атописка конституција, се над 67% ако атопијата е присутна и кај двајцата родители.
  • ЕГЗАЦЕРБАЦИИ – влошување на симптомите и знаците на болеста. Фаза на егзацербација кај атописки дерматит подразбира влошување на сите параметри како што се сувост на кожата, иритација, локализирани воспалителни промени на кожата, нагласено чешање.
  • ЕГЗЕМА – заедничко име за збир на болести со слични клинички манифестации како што се чешање и воспаление на кожата (груби, црвени ”печати”). Во групата на егзема се вклучуваат следниве болести: атописки дерматит, контактен дерматит, неуродермит, себореичен дерматит.
  • ЕМОЛИЕНСИ – производи кои се нанесуваат на кожата со примарна функција да ја хидрира кожата, да помагаат во нејзината обнова а со тоа да се превенира нејзината сувост.
  • ПРЕДИЗВИКУВАЧИ – супстанции од животната средина кои можат да предизвикаат симптоми и знаци на болеста.
  • РЕМИСИЈА – состојба на смирување на симптомите на болеста.