Атопија е наследена тенденција која се манифестира со бурно реагирање на вообичаените стимуланси (алергени) од животната средина. Манифестациите на атописката болест може да бидат на кожата (егзема, алергиски дерматит), респираторниот систем (астма или алергиски ринит), на очите (алергиски конјуктивит). Во рамките на овој портал ќе се позанимаваме со атопискиот дерматит.

Каква е улогата на генетиката

Ако еден од родителите има атописки дерматит,веројатноста да се појави кај детето е 30%, додека во случај кога и двајцата родители се атопичари веројатноста за појава се зголемува на 70%.
Статистиката, исто така наведува дека атопискиот дерматит се јавува почесто кај момчињата, кај второто дете, или кај бебиња родени во зима и есен.
Ако еден од биолошките родители имаат атописки дерматит не мора да значи дека оваа состојба ќе се појави кај детето. Меѓутоа, кај детето сепак може да се развие алергиски ринит или бронхијална астма.

Атописки Марш – 3 ФАЗИ

Врз основа на најновите истражувања, Проф. Бибер, светски познатиот експерт во областа на атопијата, низ три фази ја објаснува еволуцијата на оваа состојба од која секоја година заболуваат се повеќе бебиња и деца.

ФАЗА 1

Атописката кожа клинички се манифестира со многу локализирани промени на кожата и црвенило на образите, рацете, наборите на колената и лактите.

ФАЗА 2

Воспалението станува хронично и се шири на други делови од телото. Ова го активира имунолошкиот систем и создавато на IgE антитела, кои се насочени кон алергените кои полесно поминуваат низ оштетената и ослабена кожна бариера.

ФАЗА 3

Неколку години подоцна, кај некои деца може да се развијат други форми на атопична болест како што е алергиски ринит и бронхијална астма. Ова е последната фаза од т.н. “атописки марш”. Обично се поврзува со екстремно чешање и високо ниво на колонизација на Staphylococcus aureus.

Што можеме да направиме

Важно е навремено следење на децата со ризик за атопија, односно бебиња на кои едниот или двајцата родители имаат атописка конституција или која било од атописките болести. Со рана превенција може во потполност да спречиме да се развие атопија, или ако таа се развие таа да биде во поблага форма. За децата кои веќе имаат развиено атописки симптоми, раната терапија, соодветната нега, избегнување на алергените и адекватниот начин на живот може да го намали интензитетот на симптомите и да обезбеди поквалитетен и полесен животот со атопија.