На кои намирници треба да се обрати внимание.

Иако повеќето деца со егзема и атописки дерматит немаат алергии на храна, сепак еден дел од нив ќе развие алергија на некој вид на храна.
Забележано е дека колку посериозни симптоми има егземата, толку поголем е ризикот од развој на некој вид на алергија на храна.

КАКО АЛЕРГИИте НА ХРАНА ВЛИЈААТ НА АТОПИскиот ДЕРМАТИт И НЕГОВИТЕ СИМПТОМИ?

Иако алергијата на храна не треба да се поврзува со симптомите на атописки дерматит, кај некои деца тоа е можно, па конзумирањето на храна на која детето е алергично ќе го засили и чешањето на кожата. Научниците веруваат дека алергиите на храна прво може да поттикнат чешање кај бебиња и кај пациенти со тешка егзема.

Продукти, кои се најчестите предизвикувачи на алергии кои може да стимулираат и дополнително чешање или влошување на егземата се:
  • јајца
  • млеко
  • житни култури (пченица)
  • соја
  • ореви
  • риба
  • бобинки
  • мед и пчелни производи
  • кикирики.

Ако забележите било какви симптоми кај вашето дете кога јаде одреден вид на храна, треба да го информирате докторот.

ДАЛИ ПРЕВЕНТИВНО ДА ИСФРЛИМЕ НЕКОИ ВИДОВИ НА ХРАНА КОГА ДЕТЕТО СТРАДА ОД ЕГЗЕМА?

Не. Избегнувањето на “познати алергени” од храната нема да ја спречи појавата на егзема и атописки дерматит, а со тоа детето може да биде лишено од вредни хранливи материи од храната. Елиминациони диети не се препорачуваат за деца кои немаат докажана алергија на одреден тип на храна. Од друга страна, на децата со атописки дерматит, треба да им се сведе на минимум конзумирањето на храна со многу адитиви (преработена храна и “брза” храна).

КОГА Е ПОТРЕБНО ТЕСТИРАЊЕ НА АЛЕРГИЈА НА ХРАНА?

Консултација со алерголог е потребна доколку докторот се посомнева на алергија на храна или доколку симптомите на егзема не се смируваат по дадента локална терапија. Тој ќе одлучи дали е потребен тест за алергија на храна.
Постојат неколку видови на тестови, од тестови на кожата до анализи на крвта во потрага по антитела.
Во случај на докажано постоење на алергија се советуваат диети. Од големо значење е да се обрати повеќе внимание на вкрстени алергиски реакции. Без оглед на начинот на внесување на алергенот (контакт, вдишување или храна), алергиските реакции може да се манифестираат системски или локализирано на еден или повеќе органи (на кожата, белите дробови, органите за варење).

Пробна елиминациона диета би требало да трае 2-4 недели. Ако се воочи подобрување на состојбите на кожата и општата здравствена состојба на пациентот, во следната фаза, елиминационата диета треба да трае најдолго 4-6 месеци. Елиминациони диети, кои траат подолго од тоа може да доведат до нутритивни недостатоци и губење на способноста да се стекне толеранција према одредени алергени.

Треба да се запамети дека диетата и третманот нема да бидат од корист ако пациентот е изложен на штетни фактори како чадот од цигарите, “обичните детергенти”, волна, непроветрени простории (само со климатизација) и прегревање на кожата.

ШТО АКО ХРАНАТА се докаже како ПРИЧИНА ЗА ЕГЗЕМА?

Дури и ако се докаже дека одредени видови на храна предизвикуваат симптоми на егзема на кожата, ако целосно ги отфрлите овие продукти, тоа не значи дека егземата (или атопискиот дерматит како најчеста форма на егзема) целосно ќе исчезне. За контрола на егземата се бара мултидисциплинарен пристап. Ова значи дека сеуште треба да се применува терапијата препишана од страна на вашиот лекар, да се негува кожата со емолиенси и да се избегнуваат други предизвикувачи на егзема.
Добрата вест е дека алергиите на храна како и егземите може да исчезнат после детството. Додека некои алергии на храна, како што се алергиите на кикирики, може да останат засекогаш, повеќето луѓе ги “надраснуваат” алергиите на храна и егземата.