Најчести лекови кои се користат во акутнa фазa се кортикостероиди.

Кортикостероидите кои се нанесуваат на кожата (топични кортикостероиди) имаат важна улога во контролата на атопискиот дерматит и други егземи и често само нивното користење може да го смири акутно настанатото воспаление.

Многу е важно да се применат на начин и времетраење по упатството на лекарите, се до повлкување на промените на кожата.

Ве молиме да ги следите сите совети за нивната примена добиени од докторите и на тој начин најдобро да се искористи нивната ефективност, а несаканите ефекти да се сведат на минимум.

Стравот од кортикостероиди (кортикофобија) е неосновано присутен кај голем број на родители и често доведува до избегнување на лечењето или премин на традиционалните, билни, алтернативни и недоволно докажани методи кои во најчест случај нема да помогнат, и спротивно може да доведат до влошување на состојбата.

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ЗА КОРТИКОСТЕРОИДИ

1. КОГА СЕ НАНЕСУВААТ ЛОКАЛНИ (ТОПИЧНИ) КОРТИКОСТЕРОИДИ?

Топичните кортикостероиди треба да се користат еднаш до два пати во текот на денот, во зависност од видот на производот.

2. КОЛКУ ДОЛГО МОЖАТ ДА СЕ КОРИСТАТ КОРТИКОСТЕРОИДИТE?

Должината на третманот треба да биде доволно долг, за целосно да се повлечат промените на кожата. Прекин на терапијата премногу рано може да биде контрапродуктивно, а премногу долга употреба може да предизвика сериозни последици за здравјето на детето. Се препорачува да се применуваат по упатствата на вашиот лекар.

3. КОЛКУ ДА НАНЕСАМ ОД КОРТИКОСТЕРОИДИТЕ?

Докторите препорачуваат да се користи еквивалент на прстот (првата фаланга, односно врвот на показалецот). Една таква единица е доволно за покривање на површината на 2 дланки на возрасна особа. Во секој случај, количината на масти или крем треба да биде доволен за покривање на зафатената регија. За количината на лекот советувајте се со одговорниот доктор.

4. ДАЛИ СО КОРТИКОСТЕРОИДИТЕ ТРЕБА ДА СЕ КОРИСТАТ И ЕМОЛИЕНСИ?

Секојдневна хидратација на кожата, еднаш или два пати на ден, неопходна е за успешна терапија на атопискиот дерматит. Во тек на акутните фази, ако користите кортикостероиди на региите со егзема, можете да престанете да нанесувате емолиенс на истите тие регии. Меѓутоа, ако вашиот доктор советува, може да се нанесува емолиенс пред или после аплицирање на лекот на зафатените како и на здравите регии на кожата.


ЧЕСТА ДИЛЕМА:
Дали на кожата прво се нанесува емолиенс или терапевтски крем (кортикостероид), односно лек?
Навидум едноставено, но важно прашање. Еве ги одговорите:
Ако прво се аплицира емолиенс, а веднаш потоа кортикостероиден крем, постои можност дел од кортикостероидите да не стигнат до кожата или да се разлијат и да ја оштетат околната здрава кожа.
Ако прво аплицирате кортикостероиден крем, а потоа и емолиенс, дали постои можност од разредување на терапијата и намалување на нејзината ефикасност?
Одговорот е дека терапевтскиот крем и емолиенс не треба да се ставаат во исто време.
По примената на емолиенс, пожелно е да поминат 20-30 минути до аплицирањето на кортикостероиди, бидејќи на овој начин се забрзува апсорпцијата на кортикостероидни креми и се спречува излевање на неоштетените (здрави) места на кожата.


Доц. д-р.сци.мед. Светлана Попадиќ спец. дерматовенеролог
Асс. д-р. сци.мед. Срѓан Танасиловиќ спец. дерматовенеролог