АТОПИЈА е наследена предиспозиција која се манифестира со бурно реагирање кон вообичаените стимули (алергени) од животната средина. Манифестациите на атописката болест може да бидат на кожата (егзема, алергиски дерматит), респираторниот систем (астма или алергиски ринит), на очите (алергиски конјуктивит). Во рамките на овој портал ќе се позанимаваме со атопискиот дерматит.

Атописки дерматит и егземата не се исти, иако често се поистоветуваат, но не е исто.

Егзема е група на инфламаторни заболувања на кожата. Дијагнозата “егзема” вклучува голем број на различни болести меѓу кои е и атопискиот дерматит. Може да се рече дека атопискиот дерматит е најчест вид на егзема, поради што овие два збора често се користат наизменично.

Атопискиот дерматит е најчест тип на егзема

Атопискиот дерматит(АД) е хронична болест на кожата. Се карактеризира со сува кожа, иритација и воспаление на кожата. АД е најчесто бенигно, неконтагиозно (незаразно) заболување со рекурентен тек (се јавуваат периоди на ремисија – целосно расчистување на сите знаци и симптоми на болеста и егзацербација – враќање и влошување на клиничките параметри на болеста). Вообичаено започнува во раното детство, најчесто во третиот месец од животот, потоа симптомите постепено слабеат и целосно исчезнуваат до почеток на пубертетот.

ДРУГИ ВИДОВИ ЕГЗЕМА:

  • Контактна алергиска егзема
  • Контактна егзема
  • Дисхидротична егзема
  • Неуродерматит
  • Нумуларна егзема
  • Себороичен дерматит
  • Стазен дерматит

Атопискиот дерматит е хронична болест на кожата. Се карактеризира со сува кожа, иритација и воспаление на кожата. АД е најчесто бенигно, неконтагиозно (незаразно)заболување со рекурентен тек (се јавуваат периоди на ремисија – целосно повлекување на сите знаци и симптоми на болеста и егзацербација – враќање и влошување на клинички параметри на болеста). Вообичаено започнува во раното детство, најчесто од третиот месец од животот, потоа симптомите постепено се губат и целосно исчезнуваат до почеток на пубертетот.