ШТО МОЖЕТЕ ДА НАПРАВИТЕ ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ АТОПИскиот ДЕРМАТИТ?

Ако еден или двајцата родители се со атопична конституција (наследена предиспозиција кон атопија), постои голема веројатност дека и детето ќе ја наследи атопичната конституција и предиспозицијата за развивање на атописки дерматит (како и други атописки болести). Важно е на време да се следат децата со ризик за равој на атопија. Со рана превенција не може во целост да биде превениран развојот на атопија, но ако таа се појави ќе биде во поблага форма. Кај децата кај кои веќе се имаат развиено атописки симптоми, рана терапија, соодветна нега, избегнување на алергени и правилен начин на живот може да го намали интензитетот на симптомите и да се обезбеди полесен и поквалитетен животот со атопија.

Што може да направите за да се спречи оваа појава или и ако воопшто се појави атопија симптоматологијата да биде многу поблага? Тука се научно докажани факти:

ИСХРАНАТА ВО БРЕМЕНОСТА И ЗА ВРЕМЕ НА ДОЕЊЕТО

Иако истражувањата за влијанието на храната која ја зема мајката за време на бременоста и за време на доењето се нецелосни, се верува дека избегнување на одредени видови на храна во бременоста (познати алергени) нема значење за намалување на ризикот од атопија кај бебето. Истражувањата се јасни дека избегнувањето на одредена храна или групи на намирници за време на бременоста и доењето може да биде штетно за развојот на бебето.
Единствената храна за која постојат препораки да се избегнува кај мајки кои имаат семејна историја на атопија е кикирики.
Дефицитот на витамин Д3 за време на бременоста може да влијае на развојот на атопискиот дерматит кај деца по раѓањето. Консултирајте се со вашиот доктор во врска со можноста за надомест на овој витамин.

ПРОДОЛЖЕНО ДОЕЊЕ

Продолжено доење – за шест месеци или подолго – има голем број на предности во исхраната на секое бебе, особено кај доенчиња изложени на ризик од атопија. Мајчиното млеко може да обезбеди поголема заштита против одредени алергии од млечни производи. Доењето има голема улога во спречувањето на атописки дерматит и други болести. Дури и да се појави егзема кај бебиња кои се доени, таа е со поблаг интензитет во споредба со егземата кај бебиња кои се хранат со вештачко млеко (млечна формула).

БЕБЕ СО АТОПИЈА

Важно е да се одржува нормална телесна тежина кај бебиња и деца. Се покажало дека прекумерната тежина и дебелината може да доведе до влошување на болеста.

ХРАНА

За помладите деца, потребно е постојано да се преиспитува храна која била воведена во најраното детство, бидејќи 70% од децата околу втората година стекнуваат толеранција на храна која се наоѓа на листата на алергени кај пациентите со атописки дерматит.
Воведувањето на не-млечна храна кај атопични бебиња не треба да биде пред бебето да достигне четири месечна возраст (17 недели). Првата храна која ја нудите на вашето бебе треба да е храна со низок ризик за алергија, како што е ориз, компири, јаболка, банани … Исто така, се препорачува, при воведување на нова храна, да се одржи простор од неколку денови меѓу два продукти, така што прво ќе се осигурате дека не е развиена алергиска реакција на било кој од нив. Кикирики и храна која содржи кикирики треба да се избегнува до полни три години.

ВАКЦИНИ

Деца со атописки дерматит треба да се вакцинираат според препорачаниот календар за вакцинација, бидејќи тие се помалку отпорни, и лесно подлегнуваат на заразни болести кои потешко ги поднесуваат.

НЕГА

Одржување и чување на бариерата на кожата со адекватна нега е исклучително важно за бебиња на атопични родители. Ова значи редовна примена на емолиентни креми, масло за туширање, итн (погледнете ги нашите совети за нега).

ИЗБЕГНУВАЊЕ НА АЛЕРГЕНИ

Дете со атопична конституција треба колку што е можно повеќе да се чува од алергени од животната средина. Прочитајте ја нашата детална статија за алергени и како да ги избегнете.