Во борбата против атопискиот дерматит (АД), важно е да се соработува со доверлив доктор, кој ќе биде вашиот сојузник. Редовни посети на специјалисти и придржувње до нивните совети ќе ја стави атопијата под контрола и ќе помогне во текот на фазата на влошување. При посета на доктор за да добиете очекувана и ефективна помош, важно е и Вие да бидате добро подготвени. Еве неколку совети:

1. ВОДЕТЕ ДНЕВНИК НА ЛЕЧЕЊЕ

Ова ќе ви помогне Вам ​​и на Вашиот доктор да ја забележи врската помеѓу кожната болест, лековите кои се користат, состојбата на детето и зголеменото ниво на стрес.

2. НАПРАВЕТЕ ЛИСТА НА ПРАШАЊА

Подгответе листа на прашања за докторот. Научете колку што е можно повеќе за болеста и лекувањето, а проверете и разни опции и информации кои ќе ги прочитате на интернет.

3. ПРИКАЖЕТЕ ЈА ИСТОРИЈАТА НА БОЛЕСТ НА ДЕТЕТО ВКЛУЧИТЕЛНО И СИТЕ ТЕСТОВИ, ИСПИТУВАЊА И ЛЕКОВИ КОИ СЕ ПРЕДХОДНО СЕ КОРИСТЕНИ

Ова ќе Ви помогне да се создаде комплетна слика за здравствената состојба на детето и да се земат во предвид и другите постоечките состојби (алергии, нетолеранција, психосоматски болести, итн)

4. НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДЕКА ВИЕ И ВАШИОТ ДОКТОР СТЕ ПАРТНЕРИ

Бaрајте од Вашиот доктор да ви ги представи сите можни методи на лекување, и заедно да го изберете најдобриот за Вас.

5. ИНФОРМИРАЈТЕ СÈ ЗА ДОЛЖИНАТА И ФРЕКВЕНЦИЈАТА НА ЛЕКУВАЊЕ

Поради важноста на советите запишете ги или побарајте од Вашиот доктор да ви ги запише.

6. СЛОБОДНО ПРАШУВАЈТЕ АКО НЕШТО НЕ РАЗБИРАТЕ

Имате право на наједноставен можен начин да Ви се објасни сè што е важно, без прекумерна употреба на стручна медицинска терминологија.

Запомнете дека атопискиот дерматит е комплексна состојба и дека понекогаш бара консултации со поголем број на различни специјалисти. Не се двоумете да побарате поддршка од психолог или психијатар, особено кога лековите и советите препорачани од страна на докторите не ги даваат очекуваните резултати.