Пациентите со атопија не се осамени
Зголемувањето на атописките болести во светот бележи пораст секоја година, и ако понекогаш се чувствувате дека сте сосема сами во своите страдања, треба да знаете дека во просек кај над 20% од децата во светот ќе се развие атопија. Иако статистичките податоци не се целосно точни, бидејќи не ги водат сите земји, се верува дека процентот на распространетост е слична на онаа како во земјите каде што овие статистички податоци се ажурираат, иако се знае дека луѓето во развиените земји и земјите постудени климатски услови се повеќе склони кон развој на атописки дерматит од другите.
Атопискиот дерматит е најчеста хронична болест во детството.
На пример, во Соединетите Американски Држави (САД), дури 17,8 милиони луѓе имаат симптоми на атописки дерматит.
Ова е една од причините за формирање на “Школа за атопија” низ целиот свет.
Точните причини за ширењето на атописките состојби не се докажани и јасно дефинирани.
Еве што кажуваат статистичките податоци.
ЕВЕ КАКО СТАТИСТИКАТА ГЛЕДА НА атопијата, егземата и атопискиот дерматит (АД):
- Во последните 30 години, три пати повеќе се зголемил бројот на пациенти со АД
- 60% од новороденчињата имаат сува кожа, што е прв чекор кон АД
- 15-30% од децата во светот и 1-3% од возрасната популација има АД
- 30% е ризикот дека детето ќе развие атопија ако еден родител е атопичар
- 70% е ризикот дека детето ќе развие атопија ако двајцата родители се атопичари
- Во 45% од случаите на атописки дерматит се јавува пред шестиот месец од животот
- Во 60% од случаите пред првата година
- Во 85% од случаите пред петтата година
- По петатта година се повлекува во 90% од случаите
- 50-60% од луѓето со АД подоцна ќе развијат астма или алергиски ринит
- Од 1/3 до 2/3 од децата со АД има и алергија на храна
- 60% од децата со АД имаат нарушување на спиењето.
Познато е дека, и покрај големиот обем на атописки болести и егзема, сите случаи не се пријавени на лекар.
Ве потсетуваме дека, при првите симптоми кои укажуваат на егзема или атописки дерматит, многу е важно да се консултирате со вашиот педијатар или дерматолог. Рано откривање и третман води кон значително подобрување на состојбата на пациентите и зголемување на квалитетот на животот.