БРЕМЕНОСТ

Повеќе од половина од жените кои пред бременоста страдаат од егзема или атописки дерматит, чувствуваат влошување на симптомите во текот на бременоста. Само кај една четвртина од бремените жени се случува состојбата со егземата во текот на бременоста да се подобри.
Покрај хормоните, улога играат познатите предизвикувачи, алергени, а самата бременоста може да направи да станат повеќе чувствителни на нив.

ШТО МОЖЕТЕ ДА НАПРАВИТЕ КАКО МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ?

За да си ​​помогнете и да ја спречите ситуација каде што треба да земате лекови кои не се пожелни во бременоста, однапред превземете важни чекори со кои ќе се превенира сушењето на кожата, а со тоа ќе се избегне дејството на вообичаените предизвикувачи на атописки дерматит.
НЕГА – Бидете упорни и доследни во негувањето на кожата со емолиенси два пати на ден, доколку е потребно и почесто, во доволно богат слој – задржете ја влагата во кожата. За нега користете емолиенси од аптека – дермокозметика специјално наменета за нега на сува кожа.
ХИГИЕНА – За време на хигиена избегнувајте сапуни и гелови, а користете маслени купки за туширање. Туширајте се кратко, намалете ја температурата на водата. Задолжително употребувајте ракавици кога сте во контакт со хемикалии за домаќинство и детергенти.
ПРЕДИЗИВКУВАЧИ – Обидете се да ги избегне сите познати предизвикувачи на симптомите на егзема како што се: прашина, топлина, одредени мириси, парфеми, детергенти за перење. Прегледајте ја вашата козметичка торба и сведете ја вашата шминка на минимум.
ЧЕШАЊЕ – Секогаш нека ви бидат при рака ладни облоги и други начини со кои самите си помагате за да се намали чешањето и гребењето на кожата, а со тоа и можната инфекција.

КАКО ДОКТОРОТ МОЖЕ ДА МИ ПОМОГНЕ?

За време на бременоста е особено важно да не се земаат лекови без консултација со доктор. Постојат топични препарати (стероидни креми) кои докторот може да ви ги препише, а за кои е познато дека се безбедни во време на бременоста. Докторот ќе ви препише како и колку долго ќе може да ги користите овие креми.
За време на терапијата, не ја прекинувајте рутината на нега со емолиенси, најмалку два пати на ден.
Многу е важно ниеден лек да не се зема без претходна консултација со доктор.
Ако дојде до инфекција на кожата, докторот треба да одлучи дали ќе препише некој лек или не.
За утеха треба да се знае дека симптомите кои се влошиле за време на бременоста, ќе се повлечат кога ќе се породите.

ДОЕЊЕ

Доењето е уште еден период кога ќе треба да се грижите за вашата кожа превентивно со цел да се спречи потребата од лекови. За време на доењето голем број на лекови кои се внесуваат орално или се нанесуваат на кожата, може да се излачат во млекото со кое го доите бебето.
Како и кај бременоста, така и во периодот на доење треба да се консултирате со доктор кој ќе одлучи дали е безбедно за вашето бебе да користите креми или други лекови кои се издаваат на рецепт.
Не го прекинувајте доењето, бидејќи тоа е важно за исхраната на вашето бебе. За бебиња на родители со атопија се препорачува доење шест или повеќе месеци.

Доц. д-р сци. мед. Светлана Попадиќ спец. дерматовенеролог
Асс.д-р.сци.мед. Срѓан Танасиловќ спец. дерматовенеролог