АТОПИСКИОТ ДЕРМАТИТ СЕ КАРАКТЕРИЗИРА СО ИНТЕНЗИВНО ЧЕШАЊЕ КОЕ ВОДИ ДО НАРУШУВАЊЕ НА СОНОТ.
Кај атопичарите, сувата кожа и воспаление водат до појава на чешање. Самата нарушена бариерна функција на кожата олеснува колонизација на Staphylococcus aureus, што уште повеќе го интензивира чешањето. Поради оштетена бариерна функција на кожата и повредите кои се јавуваат со чешањето (гребењето) на кожата многу полесно продираат микроорганизми, иританси и алергени кои го создаваат опишаниот “маѓепсан круг” кај атопичарите.
Чешањето е тешко за контролирање и може да има последици:
- На општата состојбата на кожата на децата која со чешањето станува се повеќе оштетена и приемчива за секундарни инфекции.
- На квалитетот на животот на целото семејство.
Поради овие причини, важно е да знаете како да се спротивставите на чешањето. Во зависност од возраста на детето, научете го вашето дете на техниките кои постојат:
Ваљак против чешање
Користете ролери со мазни тркала. Се тркалаат нежно низ регијата која чеша. Ова ќе го ублажи чешањето, а при тоа нема да има гребење на кожата и оштетување. За попријатно чувство, ролерот може да се чува во фрижидер пред употреба (ако е пластичен).
Ракавици
Ставете им ракавици на бебињата. Така може да се избегне несвесното гребење и последователно крварење, особено во текот на ноќта. Не заборавајте редовно да ги перете.
Ладни облоги
Ладете ја кожата – за да ја смирите болката и чешањето.
Пакет мраз замотајте во крпа за да се избегне директен контакт со кожата (ризик од повреда). Се применуваат на болни регии и регии кои чешаат. Кај луѓето со атописки дерматит чешањето се зголемува кога кожата ќе се прегрее и испоти, што пак не е причина да се престане со физички активности. Поради тоа се препорачуваат активности на отворено, кои му овозможуваат на телото постепено да се олади.
ОБЛЕКА ЗА ПОМАЛКУ ЧЕШАЊЕ
- Облекувајте го вашето дете во памучна облека, избегнувајте синтетички материјали.
- Не го облекувајте детето премногу, бидејќи потта дополнително ја иритира кожата.
- При прењето на облеката, избегнувајте користење на омекнувач и исплакнете ја облеката два пати со цел подобро да се исплакне детергентот.
Doc. д-р сци. мед. Светлана Попадиќ спец. дерматовенеролог
Асс.д-р.сци.мед. Срѓан Танасиловќ спец. Дерматовенеролог