ВОВЕД ВО ТЕРАПИЈА
Атопискиот дерматит е хронично, рекурентно, воспалително заболување од групата на егзема. Една од главните клинички манифестации на егземот е интензивното чешање. Лековите кои се издаваат на рецепт: кортикостероиди, антихистаминици, имуномодулатори и антибиотици – ги препишува лекар и се користат само под лекарски надзор. Никогаш немојте да ги користете на сопствена иницијатива.
Различните лекови кои лекарите ги препишуваат може да помогнат во контрола на атопискиот дерматит.
Соодветениот третман на лицата со атопискиот дерматит вклучува превенција од болести, посебна нега на кожата и контрола на воспалителниот процес во случај кога се работи за активната фаза на болеста. Кај атопискиот дерматит оштетувањето на бариерната функција на кожата е еден од главните карактеристики на болеста, па затоа во третманот на оваа болест се нагласува негата на кожата што има за цел обновување на нејзината бариерна функција.
Чешањето и воспалението кај пациенти со АД прават еден маѓепсан круг, воспалението го зголемува чешањето, а како последица на зголеменото чешање, доаѓа до уште поголемо воспаление. Чешањето се влошува во вечерните часови и во текот на ноќта, што предизвикува нарушување во спиењето, што пак негативно влијае на квалитетот на животот на пациентот. Во ваков случај по претходна задолжителна консултација со лекар се препорачува употреба на седативни антихистаминици навечер.
Најчести лекови
1. По консултација со доктор, користете топични кортикостероиди за време на влошување на воспалението. Овие препарати треба да се користат во согласност со упатствата – еднаш или двапати на ден, што е можно пократко. Не ги користете произволно неколку пати на ден затоа што тоа може да ги блокира клеточните рецептори на овие лекови, а со тоа да се намали ефективност на лечењето.
За време на употребата на антивоспалителни лекови, не прекинувајте ја негата на кожата со емолиенси. Емолиенсите помагат во продирање на глукокортикостероидот и овозможуваат употреба на помали дози на лекови, со што се намалува можноста од компликации.
2. Локалната употреба на КАЛЦИНЕУРИНСКИ ИНХИБИТОР доведува до намалување на воспалението. Овие лекови се безбедна алтернатива на кортикостероидите. Препаратите мора да се користат исклучиво по препорака на доктор – два пати на ден.
3. За време на бактериски и вирусни инфекции, кои често се јавуваат кај пациенти со атописки дерматит, се користат АНТИБИОТИЦИ, средства и препарати за дезинфекција како и антивирусни лекови.
4. Во консултација со вашиот доктор, за да се намали чешањето кај постарите деца може да се користат антихистаминици (лоратадин, деслоратадин), а начинот и динамиката на нивната употреба ќе ви ја објасни лекар.
Доц. д-р. сци. мед. Светлана Попадиќ, спец. дерматовенеролог
Асс. д-р.сци.мед. Срѓан Танасиловиќ спец. Дерматовенеролог