МИТ #1 – АТОПИЈА Е БОЛЕСТ НА КОЖАТА
ВИСТИНА: Атопија не е болест на кожата, туку вродена склоност кон побрз одговор на стимуланси (алергени) од надворешната средина и зголемена предиспозиција кон развој на алергиски реакции. Ова исто така се однесува на респираторниот и дигестивниот тракт, како и на слузницата на очите и носот.
МИТ #2 – АТОПИЈАТА Е ЗАРАЗНА
ВИСТИНА: Без разлика колку кожата може да изгледа лошо, атопијата и алергиите не се заразни! Затоа, изолација на пациентите поради изгледот на кожата во никој случај не е потребно, па дури и за време на најлошите фази на болеста кога промените на кожата можат да бидат крајно сериозни.
МИТ #3 – ДЕЦАТА СО СУВА КОЖА ИМААТ АТОПИСКИ ДЕРМАТИТ (АД)
ВИСТИНА: Не мора да значи. Сува кожа е една од карактеристиките на АД, но може да постои и во некои други состојби или заболувања на кожата. Многу често, тоа е резултат на лошото прилагодување на кожата на бебето на околината што го опкружува. Кожата сè уште не научила правилно да се хидрира преку своите природни механизми.
МИТ #4 – АТОПИСКИОТ ДЕРМАТИТ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕДИЗВИКАН ОД НЕЧИСТОТИЈА
ВИСТИНА: Неточно. Често, дури и во многу чиста животна средина без контакт со различни алергени и микроорганизми, атопискиот дерматит, сепак, може да се појави.
МИТ #5 – ВИРУСИТЕ И НАСТИНКИТЕ НЕМААТ ЕФЕКТ НА АТОПИСКИОТ ДЕРМАТИТ
ВИСТИНА: Било која вирусна инфекција може да ја влоши состојбата на атопискиот дерматит и да го интензивира чешањето и црвенилото. Затоа заштитете ги децата од вирусот за време на грип или епидемии во училиштата и градинките.