МИТ #1 – АТОПИЈА И АТОПИСКИ ДЕРМАТИТ СЕ ТРЕТИРААТ СО ЛЕКОВИ

ВИСТИНА: Не постојат лекови кои лечат атопија. Лековите можат само да ја контролираат болеста и нејзиното влошување. Атопискиот дерматит има синусоидален тек, односно фаза на мирување (ремисија) и влошување (егзацербација) кога се даваат лекови за контрола на симптомите. Симптомите на атописки дерматит може да се повлечат. Сепак, ова не значи дека нема да се вратат. Тие можат да се појават во секое време.


МИТ #2 – СО ТЕСТОВИ МОЖЕ ЈАСНО ДА СЕ УТВРДИ НА ШТО ТОЧНО СТЕ АЛЕРГИЧНИ

ВИСТИНА: Алергиски провокационен тест (инхалација, “prick” тест) се користи за откривање на хиперсензитивност на една супстанца и се користи за докажување на респираторни или гастроинтестинални алергии. Епикутаниот “patch” тест се користи за да се докаже преосетливост на некои од супстанциите од животната и работната средина. Последниов се користи за откривање на само еден тип на егзема (алергиски контактен дерматит). Секако луѓе со атопична конституција или со веќе манифестирани алергиски болести треба да избегнуваат контакт со супстанции кои имаат голем алергиски потенцијал, бидејќи тие може да ја влошат или да ја активираат болеста. Во детска возраст и нутритивните алергени може да ја активираат или влошат болеста.


МИТ #3 – AНТИХИСТАМИНИЦИ СЕ ЛЕКОВИ СО КОИ СЕ ЛЕЧИ АЛЕРГИЈА И АТОПИСКИ ДЕРМАТИТ

ВИСТИНА: Седативни антихистаминици се лекови кои го смируваат чешањето и предизвикуваат блага седација кај пациенти со АД. Под надзор на доктор се користени до неодамна во педијатриската популација. Поновата генерација на неседативни антихистаминици, исто така, успешно се користат под надзор на доктор, и се соодветни како за деца така и за возрасни.
Антихистаминиците не се користат само за контрола на симптомите на болеста и олеснување на животот на пациентот, туку одредени антихистаминици покажуваат и антивоспалителна активност, и на тој начин ги ублажуваат манифестациите на АД.


МИТ #4 – КРЕМОВИТЕ КОИ ГИ ПРЕПИШУВА ДОКТОР – КОРТИКОСТЕРОИДНИ КРЕМОВИ МОЖЕ ДА СЕ НАНЕСАТ СЕКАДЕ КАДЕ ИМА ЧЕШАЊЕ, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ

ВИСТИНА: Кортикостероидни кремови не се нанесуваат на кожата во регии во кои не постојат локализирани промени на кожата (кои ги препознавате како црвени “печати”), бидејќи може да ја истенчат и оштетат кожата. Кремовите не смее да се користат повеќе од периодот препорачан од страна на Вашиот доктор.


МИТ #5 – КОГА КРЕМОВИТЕ КОИ СЕ ПРЕПИШАНИ ОД СТРАНА НА ДОКТОР НЕ ДЕЛУВААТ, ЕДНОСТАВНО ТРЕБА ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГИ КОРИСТИТЕ

ВИСТИНА: Кремови со кортикостероиди не може да се користат без контрола на доктор, ниту пак терапијата може да биде прекината самоиницијативно, без консултација со доктор. Прекинувањето на терапијата може да доведе до ширење на атопискиот дерматит. Докторот може секогаш да ја промени терапија.


МИТ #6 – – КРЕМ СО КОРТИКОСТЕРОИДИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗБЕГНУВА, БИДЕЈЌИ Е ШТЕТНО

ВИСТИНА: Кремовите со кортикостероиди се штетни ако се користат без надзор на доктор и доколку се користат долго без препорака на доктор. Целосно прекинување на терапија може да доведе до хронична егзема, нејзино неконтролирано ширење и компликации. (Прочитајте го текстот за кортикофобии)

Доц. д-р.сци.мед. Светлана Попадиќ спец. Дерматовенеролог
Асс. д-р. сци.мед. Срѓан Танасиловиќ спец. дерматовенеролог