МИТ #1 – TЕМПЕРАТУРАТА НА ВОДАТА И ДОЛЖИНАта НА КАПЕЊЕ НЕМААТ ВЛИЈАНИЕ ВРЗ СОСТОЈБАТА НА АТОПИЧНАТА КОЖА
ВИСТИНА: Видот и должината на капењето треба да се прилагодат на состојбата на кожата. Кратките бањи се подобри. Никако не треба да се капеме со жешка вода, туку температурата на водата да се одржува околу 30-32°C.
МИТ #2 – КОРИСТЕЊЕ ФОТОЗАШТИТНА КРЕМА МОЖЕ ДА ЈА ЗАПРЕ СИНТЕЗАТА НА ВИТАМИН Д ВО КОЖАТА
ВИСТИНА: Имајќи предвид дека многу мала доза на УВ зраци се потребни за синтеза на витамин Д, и луѓето кои користат заштитни креми почесто се изложени на сонце, експертите се едногласни во заклучокот дека, во пракса, заштитата не ја намалува концентрацијата на Д витамини, иако тоа теоретски е возможно.
МИТ #3 – МЕД И ЗЕЛКА И СЛИЧНИ НАРОДНИ ЛЕКОВИ И ЛЕКОВИ ОД ИНТЕРНЕТ СЕ ПОДОБРИ ОД ФАРМАЦЕВТСКИ ЛЕКОВИ
ВИСТИНА: Најголем број од интернет форумите се полни со неконвенционални совети за тоа како да се справите со атописки дерматит. Природни лекови и домашно правени препарати, понекогаш може да бидат ефективни, но тие не треба да се користат без претходна консултација со дерматолог, бидејќи тоа може да направи повеќе штета отколку добро. Ова е случај со мед, на пример, некои видови на мед може да ги дезинфицираат лезиите на кожата и да го забрзаат нивното лекување. Исто така, не заборавајте дека овој метод не е поддржан со дерматолошки истражувања и дека медот спаѓа во групата на алергени. Разни билки, исто така се извор на многу алергени.
МИТ #4 – ДЕЦАТА СО ЕГЗЕМА НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ КАПАТ СО ВОДА
ВИСТИНА: Ова е, се разбира само мит. Децата кои страдаат од атописки дерматит, се разбира, може и мора да се искапат со вода. Препораки за новороденчиња и бебиња е секојдневна бања. Капењето, во наши климатски услови мора да биде секојдневно, доколку е потребно, во текот на летото и два пати на ден со специјални средства за капење. Доколку постои изложеност на голема влажност и потење треба почесто туширање во текот на денот, при што се препорачува туширање со чиста вода во текот на денот, а капење со посебни препарати наутро и навечер.
Адекватниот производ има соодветна pH вредност блиску до 6, не предизвикува иритација или дополнително сушење на кожата. Идеалните производи за хигиена за капење не содржат бои, ниту парфеми кои содржат алергени, и се без други познати алергени, лековити билки и конзерванси.
МИТ #5 – КОГА СЕ КОРИСТИ КРЕМ СО КОРТИЗОН, ИЛИ НЕКОИ ДРУГИ ТЕРАПИСКИ КРЕМИ КОИ ГИ ПРЕПИШАЛЕ ДЕРМАТОЛОЗИТЕ, НЕ ТРЕБА ДА СЕ МЕША СО ДРУГИ КРЕМИ И НЕ ТРЕБА ДА СЕ МАЧКААТ ДЕЦАТА СО НИШТО ДРУГО
ВИСТИНА: Ова не е точно – напротив, редовната нега со соодветна дермо-козметика е потребна и многу важна, без оглед на тоа дали сте под терапија или не. Кожата треба да се негува, дури и кога атопискиот дерматит не е во акутна фаза.
МИТ #6 – ПРИРОДНА КОЗМЕТИКА Е НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ ЗА НЕГА НА КОЖА СО АТОПИСКИ ДЕРМАТИТ
ВИСТИНА: Етерични масла се честа состојка во природната козметика, но познато е дека тие можат да предизвикаат алергии. Одлучете се за дермо-козметика (козметика која се продава во аптеки и е препорачана од дерматолозите и фармацевтите). Ова може да биде од суштинско значење за подолг период на подобрување (ремисија) кај атопичарите и во голема мера да ја намали потребата од употреба на лекови. Правилниот избор на дермокозметика кај атопичарите е на прво место.