МИТ #1 – АТОПИИСКИОТ ДЕРМАТИТ (АД) СЕ СЛУЧУВА САМО ВО РАНОТО ДЕТСТВО И КАЈ БЕБИЊАТА

ВИСТИНА: Симптомите и клиничките знаци на атописки дерматит може да се случат на било која возраст, дури и во зрела возраст. Меѓутоа, дури и кај 60% од случаите може да се развие пред првата година од животот, а кај 85% од случаите пред петтата година.


МИТ #2 – АТОПИИСКИОТ ДЕРМАТИТ СЕ ЈАВУВА ВО ДЕТСТВОТО А ИСЧЕЗНУВА СО ТЕКОТ НА ГОДИНИТЕ, ВО ПУБЕРТЕТ ИЛИ БРЕМЕНОСТ

ВИСТИНА: Не е секогаш и не е задолжително. Атопискиот дерматит може да се јави на која било возраст. Некогаш фазата на мирување може да трае и по неколку години, но тоа не значи дека болеста е целосно исчезната. Не постојат правила! Кај некои луѓе, состојбата може дури да се влоши на било која возраст.


МИТ #3 – АТОПИИСКИОТ ДЕРМАТИТ ПОМИНУВА ПРЕД ДЕТЕТО ДА ТРГНЕ НА УЧИЛИШТЕ

ВИСТИНА: До петтата година се излекуваат околу половина од децата кои страдаат од АД. Но во некои случаи, болеста продолжува и трае до крајот на животот.


МИТ #4 – ДЕТЕ СО АТОПИСКИ ДЕРМАТИТ ИЛИ ОД НЕКОЈА ДРУГА ФОРМА НА ЕГЗЕМА ЌЕ РАЗВИЕ И АСТМА

ВИСТИНА: Иако астма може да биде една во низата на атописки болести, не секое дете со атописки дерматит има и астма. Сепак, многу деца со егзема имаат и респираторни симптоми. Ако детето има атописки дерматит рано во животот, многу поверојатно е да развие астма отколку кај децата без АД.