ЗА ШКОЛОТО ЗА АТОПИЈА

ATODERM ШКОЛА ЗА АТОПИЈА

Atoderm школо за атопија е наменето за родители, деца и возрасни со проблеми: сува кожа, егзема и атописки дерматит. Во ова “Школо” можете да научите како да препознаете атопичен дерматит (АД), кога треба се обратите на доктор, како се лекува атопичен дерматит и како на најефективен начин да си го олесните секојдневието со атопичен дерматит. Во оквир на нашето Atoderm школо за атопија советите пред сè ќе ви ги дадат дерматолози:

Atoderm е линија на медицинска козметика за нега и превенција на кожа склона кон егзема, атописки дерматит или сувост. Atoderm линијата е производ на француската лабараторија BIODERMA.

BIODERMA

BIODERMA е реномирана познатата француска лабораторија основана 1977 година во Лион, со серија на заштитени патенти во оваа област. Bioderma експертиза се базира на познавање на кожата и нејзините биолошки механизми, според кои се креирале производи кои се компатибилни со процесите во кожата, а со самото тоа поефектини и побезбедни.

BIODERMA во соработка со дерматолозите и научните медицински центри (CNRS, INSERM, CHU, универзитети) развива висококвалитетни дермокозметички производи достапни само во аптеките. Овие производи се идеална потпора на дерматолошките третмани, како и доверливо решение за секојднева нега на здрава кожа.
Во соработка со најголемите експерти, Bioderma развила адекватни решенија за секој тип на кожа, вклучувајќи ја и кожа со атопичен дерматит. Дејството на препаратите на Bioderma не е само на симптомите, туку и директно на причините за проблемот со што ја корегира состојбата на кожата долгорочно.

BIODERMA МАКЕДОНИЈА

BIODERMA тимот од Македонија, во склоп на компанијата Симпли Мел која го увезува, дистрибутира и застапува дермокозметичкиот бренд Bioderma, е посветен на ширење на знаењето за важноста на правилната нега и третмани на здравата кожа, како и дерматолошките проблеми. Bioderma тимот соработува со дерматолозите и педијатрите во Македонија и е присутен на најголемите дерматолошки конгреси во земјата.
BIODERMA тимот од Македонија, во склоп на компанијата Симпли Мел ја креираше содржината на страната www.atopija.mk
BIODERMA тимовите ширум светот споделуваат човечки вредности и етика, кои се силата на компанијата посветена на здравјето.