Капење и туширање – 5 минути со средство со неутрален PH Фактор

Важно е освен ограничувањето на должината на капењето или туширањето, како и топлината на водата, да изберете и соодветно средство за капење наменето за атопична кожа. Тоа нема да ја наруши природната липидна бариера на кожата.

ДОЛЖИНА НА КАПЕЊЕ ТРЕБА ДА БИДЕ КРАТКО – ОКОЛУ 5 МИНУТИ

Фреквенцијата на капење зависи од годишното време, активностите на детето и на интензитетот на атопискиот дерматит. Многу лекари сметаат дека кај децата со ризик од АД редовно, секојдневно чистење на кожата, спречува бактериски инфекции и помага во отстранување на мртвите клетки на кожата како и отстранување на остатоците од медицинските препарати. Препораката за новороденчиња и бебиња е секојдневно капење. Капењето во наши климатски услови мора да биде секојдневно, доколку е потребно во текот на летото и до два пати на ден со специјални средства за капење. Ако поради голема влажност и потење, потребно е почесто туширање во текот на денот, се препорачува истото да биде само со чиста вода во текот на денот, а капењето со посебни препарати да биде наутро и навечер.

КОЛКАВА СМЕЕ ДА БИДЕ ТЕМПЕРАТУРАТА НА ВОДАТА?

Адекватна температура на водата е 30-32°C.

ПРЕПАРАТИ СО НЕУТРАЛНА PH.

Сапуните и детергентите ја менувата pH вредноста на кожата, со што се предизвикува ослободување на про-инфламаторни фактори од клетките на површинскиот слој на кожата (епидермисот) кои понатаму ги разградуваат нивните липиди. Докторите се едногласни кога станува збор за изборот на средства за хигиена. Овие производи мора да имаат физиолошка pH со просечна вредност 6, не треба да предизвикуваат иритации и мора да имаат ниско ниво на алергени.

НЕЖНО ИСУШЕТЕ ЈА КОЖАТА ПОСЛЕ КАПЕЊЕ

Сушете ја кожата со тапкање без триење. Потоа, на уште влажна кожа нанесете емолиенс.

ТУШИРАЈТЕ СЕ

Туширајте го вашето дете после секоја спортска активност или игри поради одстранување на потта.

КАКО ДА ГО ИЗБЕРЕМЕ ВИСТИНСКИОТ ПРОИЗВОД?

При изборот на овие производи, препорачливо е да не се земаат предвид мислењето на луѓето во близина или на рекламите, туку да се избере производ, кој не содржи детергенти и да се избегне козметика која во својот состав содржи лековити билки и боја.
Најдобро да се избере козметика од иста “линија” од доверлив производител. На пазарот постојат многу различни производи за хигиена во форма на сапуни, синтетички детергенти, масла за туширање, гелови и емулзии. Некои од нив се збогатени со супстанции кои го инхибираат бактерискиот раст (бакар сулфат и цинк сулфат), кои содржат навлажнувачи, (глицерин засилени со витамин ПП и липиди), кои дејствуваат на заштитниот слој на кожата.
Внимателно прочитајте го составот на производот. Ако не сте сигурни, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Производите секогаш купувајте ги во аптека. Погледнете ја нашата препорака на производи за капење.

НЕГА

И за време на терапијата и во фазата на мирување на атопискиот дерматит, на пациентите им треба соодветна грижа која ќе ја задржи влагата во кожата и ќе го спречи чешањето и печењето. Станува збор за дермокозметички препарати, наменски формулирани за сува и атопична кожа.
Соодветна нега подразбира аплицирање на емолиенс на кожата на целото лице и тело два пати на ден, во доволно богат слој за негата да биде функционална. Вообичаената мера на неделно ниво е 150-200 мл. за нега на целото детско тело, па до 500 мл. од препаратот кај возрасните. Добро избраните препарати ќе ја зајакнат природната заштита и одбрамбена способност на кожата.
Негата на атопичната кожа мора да содржи правилно балансирани емолиенси кои во својот состав имаат хумектанси –супстанци кои спречуваат загуба (испарување) на водата од кожата, и ја врзуваат и водата од надворешната средина, супстанции за обнова на заштитната липидна бариера на кожата, соединенија кои го намалуваат воспалението на кожата и чешањето. Погледнете ја нашата препорака на емолиенси за атопична и сува кожа.