Ако родителите – еден или и двајцата – страдаат од атопија, можно е да се очекува дека и бебето ќе добие некоја од нив. Статистиката вели дека: ако еден од родителите има било кој тип на атопија, шансите дека атопична болест ќе се појави кај децата е 30%, а ако двајцата родители се атопичари, шансите дека детето ќе наследи атопична болест се зголемуваат на 70%.
ШТО ОВА ЗНАЧИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ?
Спречување на развојот на атопична болест вклучува различни промени во животниот стил (погледни ги советите за превенција на нашите дерматолози), а секојдневната нега на бебешката кожа станува приоритет.
Превентивна нега на кожата вклучува нежна хигиена и емолиенси кои ќе спречат исушување на кожата.
Негата на кожата треба да започне веднаш, а ние препорачуваме наменски препарат за бебиња со семејна предиспозиција кон атопија, од Bioderma Atoderm линијата.
Atoderm Preventive крем е уникатен производ на пазарот кој се користи од раѓањето до возраст од три години, како превентивна нега кај доенчиња на родители со атопија. Целта на овие третмани е да се намали ризикот од развој на егзема, и во случај на појава на болеста истата да се манифестира во поблага форма, а акутната егзема да биде ретка појава. Кремот делувата против сушење на површинскиот слој на кожата, јакнење на кожната природна бариера, а ексклузивниот комплекс Bioderma Lipigenium® содржи есенцијални масни киселини (омега-3 и 6) и церамиди кои природно се наоѓаат во здрава кожа, а им недостигаат на децата со сува кожа.
Важна карактеристика на Atoderm препаратите е нивното биолошко дејство: биолипидите ја имитираат природната организација на липидите во кожата па на тој начин лесно се интегрираат во неа. При тоа го обновуваат природниот заштитен липиден филм. Значи биолошката активност значи и поттикнување на производството на важни протеини и липиди кои ги врзуваат клетките на површината на кожата и со тоа ја подржуваат заштитната функција на кожата.
Atoderm Preventive е дерматолошки тестиран, со одлична толерантноста и смирувачко благотворно делување на кожата на бебето. Патентираниот комплекс Skin Barrier Therapy® го ограничува пристапот и развојот на Staphylococcus aureus на кожата и пенетрацијата на алергени – двете најважни причини за нарушување на заштитна бариера на кожата.
Кремот воспоставува рамнотежа на липидната мембрана на кожата, а се нанесува еднаш или двапати дневно на лицето и телото.
Кремот може да се користи за новороденчиња, практично од првите денови на животот, со исклучок на предвремено родени бебиња.